Бугарската политичка партија што доби најмногу гласови на последните избори, „Има таков народ“ (ИТН) нема да поддржи влада со трет мандат. Ова го кажа во изјава за БНР, лидерот на партијата Слави Трифонов.
На прашањето дали е можно ИТН да ја поддржи оваа влада во третиот мандат на која било политичка сила, Трифонов рече: „Кога ме видовте да кажам едно, а потоа да направам нешто друго?
– Мислам дека дадовме се од себе со мандатот „Има таков народ“ да имаме влада, постигнавме договор за скоро сите точки, и тие имаа можност да дејствуваат чесно и национално одговорно, и да не поддржат, а ние да имаме влада; сега не гледам зошто треба да е спротивно, рече Трифонов.
– Дури и ако претседателот побара поддршка за влада предложена со трет мандат, ИТН нема да ја поддржи, истакна тој.