Ова е двојна игра од страна на Народна банка на Македонија, вели за Фактор Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка, за која попладнево на пресконференција гувернерката на НБМ Анита Бежоска соопшти дека и ја укинува дозволата за работа и утре пред судот ќе предложи стечај за банката.
Костовски за во петок најавува прес конференција на која до јавноста ќе се обратат акционерите на банката.
„Народна банка цела година не држеше под строги мерки и не ни дозволуваше да работиме и да заработиме.
-Како можеме да ја подобриме состојбата на банката кога Народна банка цела година не држи под строги мерки. Ако не можеш да работиш, не можеш ниту да заработиш за да ја подобриш состојбата. Практично, ние имавме забрана за работа од НБМ. Како во тој случај да се подобри состојбата. Исто така, НБМ не прифаќаше ниту еден од нашите предлози за надминување на состојбата и за евентуална продажба на банката“, вели Костовски за Фактор.
„Ако веќе беа решени да не затворат, тоа требаше да го направат уште пред една година, а не за овој период уште дополнително да заглавиме со 15 милиони евра“, вели Костовски за Фактор.
НБРМ денеска донесе одлука да ја затвори Еуростандард банката. Во неа има штедни влогови од 71, 5 милиони евра.