Тринаесет израелски војници се убиени во борбите со Хамас во Појасот Газа, соопшти израелската Армија.
-Тие беа убиени денеска на северот од затворениот крајбрежен појас, објави војската.
Двајца војници загинаа во борбите вчера, со што вкупно загинаа 15 војници откако Армијата го прошири распоредувањето на копнените трупи во Појасот Газа.
Израелската Армија со недели ја бомбардира Газа и воведе нова фаза од војната против Хамас, со започнување постојани копнени операции викендов.
-Паралелно, воздушните и поморските сили спроведуваа операција напаѓајќи десетици други цели на Хамас, соопшти војската.