За секое кривично дело, одговорност ќе има, пишува на Фејсбук, министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски
Како што изминатиот период ветив, до Основно јавно обвинителство – Скопје поднесени се три кривични пријави против поранешниот министер за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Секој граѓанин на Македонија како што одговара пред законот, така дојде време и Николовски да одговара за незаконско доделување на грантови и заобиколување на Платежната агенција додека бил на позиција министер.
Николовски ќе одговара за тоа што унапредувал партиски лица без запазена процедура и согласност од Министерството за финансии.
Самопрогласениот спасител на земјоделците Николовски, кој всушност ги уништи истите, ќе одговара и за нераздолжување на опрема што ја има задолжено.
Николовски, клопчето на твоите злоупотреби започна да се размотува, за сите незаконски постапки ќе одговараш.
П.С. – Се надевам дека ќе собереш сила и следната прес конференција ќе ја одржиш пред Јавно обвинителство и самиот ќе побараш да се истражи целиот случај за тебе, објави Трипуновски

.