Граѓаните и оваа грејна сезона ќе се соочат со огромен недостаток на огревно дрво, а тоа го потврдуваат и бројките од официјалниот Извештај за работењето на ЈП Македонски шуми, ова денеска преку прес-конференција го истакна Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Не чека тешка зима со СДС и Љупчо Николовски. Извештајот го потврдува недомаќинското и неодговорното работење на менаџментот. Бројките се загрижувачки и фрапантни споредбено со бројките од минатата година која што исто така беше тешка со снабдување на огревно дрво. Имено, за само 7 месеци годинава значително е намалено производството и снабдувањето на населението со огревно дрво. Односно споредбено со лани сечата на огревно дрво е намалена за 30.765 метри кубни, а намалување има и во продажбата на огревно дрво за 42.528 метри кубни, додека пак планот за сеча на огревно дрво е реализиран, односно е на минимални 57 проценти, а од складиштата на Македонски шуми се продадени само минимални 26.925 метри кубни дрва. Извештајот покажува дека останатото е купено од приватни препродавачи и фирми кои добиваат тендери за сеча од јавното претпријатие и ги продаваат по двојна цена или ако во Македонски шуми цена за метар кубен на даб и бука е 2500 денари, додека во приватните складишта истата се движи од 5 до 6 илјади денари за метар кубен, односно дупло поскапо. Неспособноста на власта, министерот за Николовски и Ковачевски на крај ја плаќаат граѓаните на република Македонија. До толку се неспособни што не може да обезбедат да има огревно дрво во сите подружници на Македонски шуми, а не пак да ги снабдат граѓаните кои навистина имаат потреба, вели Трипуновски.
Тој додава дека од ова можеме да заклучиме дека не очекува исклучително тешка зима за оние кои што се греат на дрва, а Николовски е тотално незинтересиран што се случува во Македонски шуми, единствено го интересираат личните интереси, тендерите и бизнисите.
-Со власта на СДС и Николовски како министер, граѓаните не можат да бидат сигурни во ништо. Затоа време е за избори час поскоро, бидејќи и граѓаните и државата со СДС тонат, рече Трипуновски.