Денеска втор ден се наоѓаме на протестите кои што ги организираат земјоделците од Овчеполието затоа што немаат вода на своите полиња. Денеска втор ден на овој жежок асфалт преку стотина земјоделци ги бараат своите права, додека власта ужива во некои климатизирани канцеларии овие земјоделци бараат она што е најосновно, а тоа е водата.
Протестов го организираат заради тоа што полињата се веќе суви, штетата е многу голема, а дополнително им е терет тоа што Владата на последната седница има донесено одлука за зголемување на цената за надомест за вода. Значи овие земјоделци покрај тоа што имаат зголемен надомест за вода за преку 70% имаат и нова давачка која треба да ја плаќаат према државата, а тоа е годишен надомест за одржување на системите од 3.624 денари по хектар.
За да биде појасно на сите земјоделци од Република Македонија ова поскапување не е само за Овчеполието, туку ќе биде за цела територија на Република Македонија.
Јас направив една кратка пресметка за да биде појасна математиката, ако еден земјоделец кој што одгледувал или работел 10 хектари луцерка до сега плаќал надомест од 61.156 денари за наводнување сега со новата давачка за поскапување плус годишен надомест ќе треба да плаќа 138.000 денари. Тоа е за 1.250 евра повеќе пари за она кое што не го добивате како услуга. Власта ги користи земјоделците да ги уценува, да ги малтретира и денеска и преку МВР повторно се правеше притисок да се прекине овој протест, да се не се протестира итн.
Апелираме од овој протест, еве јас како говорник во име на земјоделците, прво да престанат притисоците, второ директорот на АД Водостопанство и министерот веднаш да се вратат од службен пат и да дојдат овде помеѓу земјоделците, водата да биде пуштена затоа што имаме информации дека во Кочани нема потреба од вода за наводнување, туку треба да стигне до овие полиња. Заедно со премиерот кој што сигурно исто така ужива во некоја од тие климатизирани канцеларии да дојдат овде помеѓу земјоделците затоа што овде се вади лебот. Овие луѓе ако оваа година не добијат вода наредниве неколку дена ќе треба да бидат прво обештетени, а догодина ќе нема земјоделци. Затоа Владата треба да се одважи барем во овие последни неколку месеци од своето владеење да дојде да си ја работи работата за која што зема народни пари, овие пари кои што ги зголемуваат како давачка сигурно ќе отидат во Западна Македонија да се потрошат на нешто друго, а не во инвестиции во Водостопанството. Значи револтот е многу голем и овие земјоделци нема да се тргнат од патиштата, не само овде во Свети Николе, и во Росоман, и во Кавадарци, и во Неготино и во цела Република Македонија.
Доста е да си играте со маката на земјоделците, оваа порака сакам да стигне до секој еден земјоделец дека нема да отстапиме, ВМРО-ДПМНЕ бил заштитник на земјоделците и ќе остане заштитник на земјоделците, ќе останеме до крај заедно со народот, затоа што овие луѓе ја хранат нацијата, од овие луѓе јаде и Ковачевски, јаде и Спасовски, јаде и Николовски, сите јадат од овие луѓе, треба да се цени овој труд!