Денеска сум на средба со земјоделците од Градско и Росоман, околу состојбата со проблемот за наводнување на земјоделските површини.
Она што сакам да го кажам како констатација е дека Ковачевски и Николовски повторно ги излажаа овие земјоделците од Росоман и Градско, бидејќи вода до секоја земјоделска површина не стигна.
Се потрошија 82 милиони денари народни пари за санација на сифонот кој што наместо да биде решение е дополнителен проблем бидејќи протокот на вода е намален за 40 проценти. Тоа значи дека 40 проценти помалку ќе можат земјоделските површини да бидат снабдени со доток на вода.
Штетите се огромни, сезоната е веќе пред самиот крај, земјоделците нема да можат да го наберат својот род и да имаат егзистенција за своите семејства. Тоа значи дека овие 82 милиони денари потрошени народни пари се уште еден криминален проект на владата на СДС и ДУИ.
Она што сакам да го порачам е дека доаѓаат подобри времиња за земјоделците, не само во Градско и Росоман, туку во цела Република Македонија, затоа што по промена на власта која ќе се случи за неколку месеци од сега, ќе дојде пред се одговорност за сите криминалии кои што ги имаат направено и во земјоделство и во сите сектори.
https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/videos/823915382393185/