Денеска од подрачната единица при МЗШВ во Струмица, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски заедно со Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев најавија дека ќе се продолжи со отворање на подрачни единици во речиси секоја рурална општина за да се биде поблиску до земјоделците.
-Заедно со директорот сакаме да соопштиме до сите земјоделци дека во наредниот период секоја подрачна единица и вработените во подрачните единици на Министерството ќе имаат пристап до базата на податоци на Платежната агенција за да не мора земјоделците да патуваат до Скопје и да проверуваат дали нивната апликација е во ред, појасни Трипуновски.
Министерот посочи дека во наредниот период ќе се продолжи со отворање на подрачни единици и канцеларии во речиси секоја рурална општина за да Министерството преку подрачните единици биде сериозен сервис на самите земјоделци.
-Веќе од наредната година планираме сериозно да инвестираме во техничкиот капацитет на секоја подрачна едница и да ја зголемиме функционалноста, изјави Трипуновски.