Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство беше гостин во „Дејли Клик“ на ТВ21. Тој зборуваше за ЈП Национални шуми и примените на работа 400 лица пред изборите.
„Оние кои се примени сега, ќе се распоредат на позиции. Ако некој не се снајде во ситуацијата, ќе треба да биде распределен на друга позиција или да си даде отказ. Ако сте примени на позиција секач, не може да седите во канцеларија. Кој ќе го сече дрвото. Реорганизација е ставање на функција на сите ресурси кои се примени на таа позиција. Воспоставување на ред мора да има. Национални шуми е во загуба од 10 милиони евра, и згора на тоа нема огревно дрво. Она што ме инфомираше директорот 10 милиони евра во однос на тужби, лизинзи за скапи возила… Ние сега со оваа инјекција која ја даваме да го вратиме во живот Јавното претпријатие. Тоа што во минатото правел грешки, да си направи ревизија директорот, и да си има одговорност“, рече Трипуновски.