Дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски преку статус на Фејсбук напиша дека треба Димитров и Османи да ги искористат своите меѓународни контакти и да најдат откуп за македонските производи во оваа криза.

-Добро е што Трајан Димковски почна да ги применува мерките кои ги предлагам, иако доцна.
Мерките кои ги предложив, а кои ги спроведоа, не се целосни. Потребно е Никола Димитров и Бујар Османи, како и сите останати во владата, чија позиција им донела меѓународни контакти да се заангажираат за изнаоѓање на пазари за македонското земјоделско производство.
Во овие тешки времиња цел свет кубури со храна, цените одат нагоре, а само нашите земјоделци го фрлаат родот на буниште. Владата и нејзините челници мора да се заангажираат и да најдат пласман, веднаш! Тие луѓе немаат потреба од хуманитарна помош, тие луѓе имаат потреба од пазар за својот производ, тогаш се што им треба сами ќе си купат.
Јагнето остана непродадено, зелката е се продава под производствена цена, лошо ќе биде за се. Делување веднаш, стои во неговиот пост на Фејсбук.