Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска информира дека за реализација на активностите за ревитализација на езерото „Младост“ обезбедена е финансиска поддршка од шест милиони денари од Програмата за водостопанство.

-Денеска извршив увид на активностите за ревитализација на езерото „Младост“, кое се чисти за првпат по 60-тина години. Согласно планираните активности, во тек е фаза на механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото „Младост“, во соработка помеѓу АД „Водостопанство“ и ЈПВ „Лисиче“ – Велес, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За реализација на активностите, обезбедена е вкупна финансиска поддршка од 6.000.000 денари од Програмата за водостопанство, соопшти министерот преку социјалните мрежи.

Нагласува дека работат на ревитализација на езерото „Младост“, со цел подобрување на квалитетот на водата и дополнување на акумулацијата со свежа в




