Нашето Министерство преку програмите коишто ги реализира, директно влијае врз егзистенцијата на земјоделците и жителите во руралните општини. Знаете дека преку програмата за директни плаќања, односно субвенциите влијаеме и им помагаме на македонските земјоделци. Додека преку програмата за рурален развој, која е една посебна програма преку која се помага во делот на инвестиции во земјоделството, вели Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешниот настан за отчет на градоначалниците за сработено во мандатот.
„Изминатите 12 месеци, преку програмата за рурален развој, објавивме неколку повици којшто ќе значат стимулација за луѓе, за жените коишто живеат во руралните средини, преку стимулација со финансиски грантови. Тие неколку повици беа во делот за набавка на механизација, приклучна механизација, набавка, односно изработка на оние мали семејни бизниси за преработки на земјоделски производи преку грантови кои ги дава министерството“, рече Трупуновски.
Трипуновски, посочи дека една од најважните објави беше мерката за Млад земјоделец, односно стимулирање на младите да влезат во земјоделскиот процес и на веќе постоечките да го обноват нивното производство и да го зголемат капацитетот.
„Тука неминовно, треба да ги спомнеме ИПАРД средствата кои ни стојат на располагање од Европската Унија, затоа што преку овие инвестиции во руралните средини, една од најбитните инвестиции е во делот на руралниот туризам. Преку руралниот туризам се развива самата општина, се подигнува нивото на економската стабилност и паралелно со програмите кои се објавуваат од министерството за локални манифестации, сакаме да го заживееме локалниот туризам, локалниот економски развој, се со цел, заедно да се помагаме со локалните самоуправи. Ако локалната самоуправа се грижи за инфраструктурата, за квалитетот на животот на своите сограѓани, ние како министерство и како Влада влијаеме директно во поткревањето на личниот стандард на самите земјоделци, се со цел да имаат достоинствен живот“, истакна Трипуновски.