Сенаторот Берни Сандерс, кој се бори за номинацијата на претседателски кандидат од Демократската партија, останува во трката и после поразот на изборите вчера во неколку сојзни држави и најави жестока дебата со Бајден в недела.
Во обраќање до јавноста денеска Сандерс изјави дека ја продолжува кампањата и е спремен да се појави на дебатата в недела и да го предизвика Бајден за горливите теми во Америка како бесплатно здравство за сите или нееднаква распределба на богатството.
-Додека нашата кампања победи на идеолошки план, ние сепак губиме шанси за избор. Могумина ја подржуваат нашата агенда, но не се убедени дека можам да победам, сакам да им кажам дека не се во право, изјави Сандерс.
Во серија прашања поставени до неговиот соперник, тој го предизвика Бајден, за такви теми како здравствени услуги за сите, нееднаквата распределба на приходите, пренаселеноста во американските затвори или реформи во судско-кривичниот систем.
Според некои набљудувачи, Сандерс е идеолошки победник во трката за номинација на претседателски кандидат, бидејќи неговата агенда сега станува и агенда на Демократската партија.
-Да не беше Сандерс во трката, Бајден немаше да истакне толку прогресивни политики во својата кампања, велат познавачите.
Бајден вчера победи на изборите во четири од шест сојузни држави.
Следните првични демократски избори за номинација претседателски кандидат се закажани за во вторник во сојузните држави Аризона, Флорида, Илиноис и Охајо. А партиски собранија за демократските избори в недела треба да се одржат и во американската пацифичка енклава Северни Маријански Острови.