Тројцата браќа биле раздвоени и биле посвоени од сосема различни семејства, а потоа со години морале да доаѓаат во Центарот на различни тестови за да се следи нивниот развој. Се воспоставило дека сите тројца имаат многу висок коефициент на интелигенција, а бројот на допирни точки бил огромен – дури и невиноста ја изгубиле речиси во исто време.
Кога 19-годишниот Роберт Шафран во 1980. година тргнал на факултет, се изненадил од срдечноста со која бил пречекан од непознатите колеги. Се воспоставило дека мислеле дека станува збор за некој друг – Еди Галанд, студент кој претходната година ја минал на истиот факултет.
Двете момчиња изгледале речиси идентично, се однесувале исто. Дури и го тренирале истиот спорт, сакале исти работи и зборувале на ист начин, иако никогаш не се запознале. Кога сфатил дека се родени на ист датум и дека и двајцата се посвоени како бебиња, новиот цимер на Роберт, Мајкл Домитц се обидел да ги поврзе.
Еднаш кога се сретнале, тоа што на прв поглед било очигледно, била принудена да го потврди и агенцијата за посвојување – Роберт и Еди биле браќа, еднојајчани близнаци. Нивната среќа поради повторната средба не можела да се измери, а потоа се случило нешто уште понеобично: откако нивната приказна се појавила во локалните весници, им се јавило уште едно момче кое тврдело дека изгледа исто како нив. Станувало збор за Дејвид Келман, студент на друг њујоршки факултет.
По инсистирање на браќата и нивните семејства, агенцијата за посвојување тогаш била принудена да открие што се случило. Тројцата браќа биле редок случај на еднојајчана четворка, од кои најмладото бебе починало при раѓањето. Наместо да им пронајдат семејство кое заедно би ги посвоило, психоаналитичарот Петер Нојбауер, кој го водел центарот “Manhattan’s Child Development”, одлучил да спроведе озлогласен експеримент, за да открие дали на обликувањето на личноста повеќе влијаат гените или околината.
Тројцата браќа биле раздвоени и биле посвоени од сосема различни семејства, а потоа со години морале да доаѓаат во Центарот на различни тестови за да се следи нивниот развој. Се воспоставило дека сите тројца имаат многу висок коефициент на интелигенција, а бројот на допирни точки бил огромен – дури и невиноста ја изгубиле речиси во исто време.
Но, објаснувањето на Нојбауер дека нивното раздвојување при раѓањето било научно оправдано, била слаба утеха за момчињата. Иако биле пресреќни што повторно се нашле, по некое време последиците од раното одвојување станале очигледни. Сите тројца во детството покажувале многу висок степен на сепарациска анксиозност, потоа и депресија, а кога почнале да зборуваат упорно тврделе дека имаат брат. Нивното повторно обединување по две децении било прекинато со една трагична вест – на возраст од 33 години, по борбата со депресијата, Еди си го одземал животот, оставајќи ги зад себе сопругата и ќерката.
Понатамошните истражувања биле прекинати, а преживеаните браќа, Нојбауер денес го нарекуваат “наци-лекар”, кој им го одземал детството и братот. Иако денес изгледа бизарно, во 80-тите години од минатиот век одвојувањето на близнаците при посвојување било вообичаена пракса, со објаснување дека треба да им се даде можност “самостојно да се развиваат”. Нојбауер само ја искорисил шансата за истражување. До својата смрт ја оправдувал својата постапка. Потоа се воспоставило дека браќата не биле единствени близнаци над кои се вршел истиот експеримент, но имињата на останатите деца никогаш не биле откриени.
За необичната приказна за трите момчиња сега е снимен и филм, “Three Identical Strangers”, чија премиера била одржана на “Sundance” фестивалот. на премиерата дошле и Роберт и Дејвид.