При пожар што избувна во една од зградите на Центарот за истражување на Вселената загинаа тројца научници, изјави иранскиот министер за телекомуникации Мохамад Џафад Азари Џахроми.
Иран во јануари лансира еден сателит, но властите соопштија дека сателитот не ја достигнал „потребната брзина“ во третата фаза од лансирањето.
Во рамките на вселенската програма Иран во орбитата во последната деценија испрати повеќе сателити, а во 2013 година во Вселената испрати мајмун.