Едно момче и две девојчиња, родени со помалку од 2.000 грама, денеска си заминаа дома, по 80-тина дена поминати на Гинеколошко акушерската клинија во Скопје.
Како што објавија од ГАК, денеска дома си одат Дуа, Нила и Максим.
Во продолжение целата објава од страницата на ГАК на Фејсбук:
Од почетокот на годината не изостанаа успешните приказни на одделението за интензивна нега и терапија на новородени деца.
Дома во топлите прегратки на своите родители си заминаа уште три наши мали борци.
По 78 дена лекување и бројни интервенции, во добра состојба си замина малата хероина Дуа Адеми. Родена е во 27-та гестациска недела, со тежина од 1020 грама, а семејството си ја дочека дома со 2900 грама.
По 78 дена поминати на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, и малата Нила Ајдари замина дома. Таа се роди со само 850 грама во 28-та гестациска недела, а ја испративме со 2230 грама.
И малиот Максим Андреевски си замина од ОИНТ, со него најмногу се дружевме, дури 82 дена. Максим се роди во 26-та гестациска недела со 1010 грама, а сега има 1810 грама.
На тројцата мали борци им посакуваме среќно детство, многу здравје, убави моменти и безброј радости. Само насмевки да им измамуваат на своите најблиски.