Десетина пациенти со тешка клиничка слика на грип и на ковид 19 хоспитализирани на Клиниката за Инфективни болести. Поголем број од нив се повозрасни со по неколку хронични заболувања, но има и помлади кои немаат коморбидитети. Од Инфективна велат дека изминатите денови во амбуланта имале над 100 прегледи, се вели во прилогот на ТВ Сител.

Полни се и ординациите на матичните каде сите се жалат на температура, кашлица, болки во мускулите. Според последниот извештај од Институтот за јавно здравје, двајца пациенти починале поради компликации од грип, а жена од Прилеп ја загубила битката со ковид 19 и воопшто не била вакцинирана против вирусот. Но гужвите во болниците не соодветствуваат со бројките што се регистрирани во ИЈЗ.

-Имаме помал број на тестирања против ковид 19 за разлика од времето кога беше пандемијата и со малиот број тестирани лица и овој број… колку е реален, посебно во сезона на респираторни инфекции, вели д-р Драган Кочински епидемиолог во ИЈЗ.

Од Институтот веќе не прават посебни извештаи за состојбата со ковид, но анализираат кои подваријанти на вирусот доминираат во земјата.

-Се уште е омикрон варијантата, а со секвенционирањето на примероци за периодот од семптември до деекември утвдено е дека е подваријантата пирола, која доминира и во другите земји, вели Кочински.

Споредено во бројки повеќе има од грип, отколку од корона а сезонскиот вирус допрва ќе ја влошува епидемиолошката состојба и ќе ги полни болниците.

-Според досегашното искуство и бројките што ги анализираме, очекуваме крајот на јануари и почетокот на февруари да биде пикот на грипот, вели Кочински.

За разлика од кај нас каде се уште чекаме да дојде пикот, во Грција има и посебни препораки за учениците поради ковидс а тамошните здравствени власти предвидуваат и по околу 80 смртни случаи неделно ако продолжи сегашниот тренд на инфицирани. Лошо е и во Хрватска и во Италија, а ЕУ апелира на помасовна вакцинација против корона вирусот и сезонскиот грип.