Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје се повреденини денеска откако противпожарното возило се превртело во скопската населба Маџари кај Триангла.
– Пожарникарите итно се префрлени во Ургентниот центар, контактибилни се и се прават детални анализи, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.
Екипата требало да интервенира на пожар во куќа во селото Арачиново. Таму била испратена друга екипа. Опожарена е куќа во Арачиново од 200 метри квадратни, покрив и еденн кат.
Противпожарното возило од засега непознати причини се превртело.Во тек е увид на местото на несреќата, а штетата дополнително ќе биде утврдена.