На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум.

Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Драмата со пукотници се одвивала на улицата Народен фронт во близина на трговскиот центар Беверли Хилс во скопски Капиштец.

Според неофицијални информации во моментот на грабежот во банката немало клиенти. Освен вработените, истрелот ги вознемирија и жителите на Капиштец, а дополнително за тревога придонесоа и полициските контроли во близина на местото на банката, каде специјалци ги проверуваа речиси сите возила кои поминуваа во овој дел од градот.

Засега останува непознато за колкава сума на пари станува збор, а /мвр тврди дека двајца од разбијниците веќе се уапсени.