На изборите во Грција, место во Парламентот освоија и тројца пратеници од турското малцинство во Западна Тракија, информираат турски медиуми.

Во грчкиот Парламент влегоа Илхан Ахмет од Партијата на промена (КИНАЛ) од Родоп и Хусејин Зејбек од радикалниот левичарски сојуз СИРИЗА и Бурхан Баран од Партијата на промена (КИНАЛ) и двајцата од Ксанти (турски: Искече).

Бурхан Баран за прв пат стана пратеник и влезе во Парламентот, додека другите двајца пратеници Турци Илхан Ахмет и Хусејин Зејбек беа избрани и на одржаните избори во 2015 година.

Илхан Ахмет пратеникот претставник на турското малцинство од Родоп од редовите на Партијата на промена (КИНАЛ) во дадената изјава по соопштувањето на прелиминарните резултати се заблагодари за довербата и истакна дека на најактивен начин ќе продолжи да ги брани правата на турското малцинство и во Парламентот.

Тој напомена дека има низа планови и проекти по прашањата на враќање на насилно одземените права на турското малцинство и за просперитетот на малцинството, а воедно додаде дека ќе вложува напори за ставање во примена на сето тоа.