Во железничката несреќа која се случи на линијата Гармиш Партенкирхен-Минхен во петокот, потврдена е смртта на најмалку тројца патници. Повеќе од 60 луѓе се повредени, од нив 16 потешко. Регионалниот воз патувал кон Минхен во моментот кога, од непознати причини, излетал од шините кај селото Бурграин. Три вагони се превртеле по излетувањето.
Полицијата и спасувачките екипи во голем број се обидуваат да ги извлечат заглавените патници од остатоците од возот.
Стравувањата на надлежните се дека меѓу патниците имало многу деца, поради почетокот на летниот распуст во таа германска покраина.