Јелена Карлеуша беше снимена пред студиото на Кошутњак, во кое се снимаат емисиите на популарниот музички натпревар „Гранд-ѕвезди“, во рамките на кој веќе неколку сезони е дел од жирито што ги оценува кандидатите.
По свој обичај, поп-пејачката се појави стокмена од глава до петици во парчиња што одлично ѝ прилегаа на нејзината вита става, но нам в очи ни паднаа нејзините голи и боси нозе за време на студ и лапавица, што во тоа време владееја во српската престолнина.
Со овој потег, ЈК уште еднаш потврди дека е подготвена на се’ во име на модата… Добро, дополнителна помош ѝ дава енергетскиот пијалак во нејзината рака, така што студот и дождот ништо не ѝ можат додека вешто ги прескокнува вирчињата по патот….
-Не носам гаќи и хулахопки, затоа што ме фрустрираат, кратко објасни пејачката во една пригода.
Фото: Иван Вучиќевиќ за „Svet & Scandal“