Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел ги сподели своите очекувања од натпреварот од 6. коло во Лигата на шампионите против Башакшехир од Истанбул.

– Моравме да работиме многу напорно во нашата ситуација. На последните два решавачки натпревара ја покажавме нашата класа. Ова е трето финале по ред. Ќе дадеме се од себе да го освоиме. Ние секогаш имаме една цел – да победиме. Се подготвуваме за секој натпревар со цел да победиме. Доколку го заземеме првото место во групата, реваншот во следната фаза ќе го играме на домашен терен, но со оглед на историјата на ПСЖ, ова соочување и онака нема да биде лесно. Сега треба да се фокусираме на мечот со турскиот тим. Ова е Лига на шампиони. Нема едноставни натпревари на овој турнир, изјави Тухел за официјалната веб-страница на УЕФА.

Средбата ПСЖ – Башакшехир е закажана за вечер во Париз со почеток во 21 часот.