Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, ја коментираше играта на Нејмар кој со гол во финишот на мечот му донесе победа на неговиот тим на гостувањето кај Лион.
– Може да игра подобро. Ова е само негов втор или трет натпревар за четири месеци. Тој може да дејствува подобро и ќе го стори тоа затоа што ќе добие физичка форма. Секогаш мисли да оди напред, да напаѓа. Ни треба таков играч на важни натпревари за да можеме да победиме со еден потег. Тој е тука да постигне гол, да одлучи за исходот од натпреварите, па јас имам големи очекувања од него. Чекам голови или асистенции. Затоа што тоа е Нејмар, изјави Тухел.
ПСЖ по шест кола во француската Лига 1 се наоѓа на првата позиција со 15 бода.