Пред натпреварот во Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед, тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, истакна дека оваа сезона парижаните ќе треба да го повторат нивото на играта од минатогодишниот турнир кога стигна до финалето.
– Се надевам дека Маркињос и Јулијан Дракслер ќе можат да ни помогнат. Нема да играат Мауро Икарди, Марко Верати, Леандро Паредес, Тило Керер и Хуан Бернат. Минатата сезона имавме неверојатно силен тим. Оваа сезона треба да докаже дека сè уште сме способни да играме на ова ниво. Јас сум многу задоволен од Преснел Кимпембе. Тој изгледа одлично на големите натпревари. Ја пронајде својата игра и игра на извонредно ниво. Во Лигата на шампионите создавањето шанси и постигнувањето гол е исклучително тешко и затоа треба да се користат укажаните можности, изјави Тухел.
Натпреварот од 1. коло во Х-групата меѓу ПСЖ и Манчестер јунајтед се игра вечер во Париз со почеток во 21 часот.