Шпанска студија покажа дека семките од тиква содржат соединенија кои ефикасно се борат со клетките на ракот и кои водат кон добро расположение. Семките од тиква се богати со протеини, манган, растителни влакна, калиум и фосфор.
Исто така, содржат голема количина цинк, што е многу важно за имунитетниот систем, кој помага да се развијат клетки во организмот, да влијаат на спиењето, да се подобри видот и да се создаде добро расположение.
Семките од тиква ефикасно се борат со неколку различни видови на рак и имаат антивоспалителни својства.
Една германска студија покажа дека жените во менопауза треба да земаат семки од тиква секој ден за да го намалат ризикот од развој на рак на дојка.
Семките од сончоглед се исто така доста ефикасни, а многумина користат масло од семки од тиква за лекување на многу проблеми, вклучително и проблеми со простатата. Маслото од семки од тиква содржи фитохемикалии и антиоксиданти кои се борат со слободни радикали во организмот и го спречуваат формирањето на клетките на ракот.
Семките се одличен извор на протеини и помагаат во губењето на тежина.
Триесет грама семки од тиква содржи пет грама протеини кои помагаат да се чувствувате сити.
Треба да се напомене дека чаша семки од тиква содржи 285 калории.