Сопственик на јапонски синџир за ресторани за суши денеска постави рекорд откако плати повеќе од три милиони долари за туна.
Тоа беше прва аукција оваа година на новиот токиски пазар со што беше надминат рекордот од 2013 година – 1,8 милиони долари.
Туната тежи 278 килограми.
„Туна кралот“, Кијоши Кимура плати топ цена за туната и нагласи: Си купив добра туна. Цената беше повисока отколку што очекував, но се надевам нашите муштерии со задоволство ќе ја изедат оваа туна“.