Во близина на американската амбасада во Тунис денеска е извршен самоубиствен бомбашки напад, при што се повредени петмина полицајци.
Според локалните медиуми, напаѓачот го активирал експлозивот што го носел на себе додека управувал со мотор, насочувајќи го кон безбедносната патрола на патот, кој води кон дипломатското претставништво на САД.
Напаѓачот загинал, а некои од повредените припадници на обезбедувањето се здобиле со потешки повреди.
На местото на инцидентот пристигнале амбулантни возила.
Од јуни 2015 година во земјата е воведена вонредна состојба, откако 40 лица беа убиени при напад во летувалиштето „Ел Кантави“ во провинцијата Сус. Нападнат беше и Националниот музеј „Бардо“.