Зборот важи, економијата порасна за 4.1 процент а невработеноста е на историски најниски 17.8 проценти од независноста до денес, изјави Татјана Лалчевска, пратеничка на СДСМ и коалицијата.
– Овие два економски показатели ја докажува исправноста и успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ. За период од безмалку две години, невработеноста е намалена за 4,8 отсто. Во истиот период отворени се над 49.500 нови работни места. Она што особено радува е фактот дека пад на невработеноста најмногу има кај младото население и кај нив невработеноста во овој период е намалена за околу 10 отсто. Со извесното членство во НАТО, напредокот во интеграцијата кон ЕУ и градењето силна и развојна економија, очекувано е стапката на невработеност дополнително да се намали во следниот период. Остануваме посветени на создавање услови за економски раст, повеќе инвестиции, нови работни места и повисок животен стандард, се вели во изјавата на Лалчевска.
По ваквите изјави, сега пуштени турбо, нејасно е зошто толку иселувања од Македонија, кога се ни цвета!?