Во рамките на истрагата за смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги, Обвинителството во Истанбул побара апсење на двајца саудиски официјални претставници за кои се верува дека се поврзани во убиството на новинарот, јавија турски медиуми.
Судот во Истанбул го разгледа барањето на Обвинителството и издаде налог за апсење на поранешниот потпретседател на Саудиската разузнавачка служба, Ахмед ал Асири, и на Сауд ал Кахтани, поранешен советник на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.
Џамал Кашоги, саудиски новинар и колумнист во американскиот весник „Вашингтон пост“ исчезна по влегувањето во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври.