Турскиот истражувачки брод „Оруч Реис“, што, и покрај серијата кавги со Грција, работеше во спорните води во источниот дел од Средоземното море, ќе ја продолжи својата мисија покрај јужниот брег на земјата до средината на јуни, соопштија денеска турксите власти.
Бродот, придружуван од два воени брода, ќе ја продолжи својата мисија во близина на брегот на Анталија, а и овој потег најверојатно ќе доведе до нов конфликт со Грција, пренесуваат британските медиуми.
Мисијата ќе трае шест месеци, од 22 декември годинава до 15 јуни следната година.
Турскиот министер за надворешни работи, Мелвут Чавушоглу, минатата недела изјави дека Анкара, и покрај можните санкции на Европската унија, нема да се откаже од своите права и интереси во Источен Медитеран.
Турција го повлече бродот „Оруч Реис“ од спорните води на источен Медитеран пред два самита на ЕУ, што го натера претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, да каже дека играта „на мачка и глушец“ меѓу ЕУ и Анкара мора да заврши.
На декемврискиот самит лидерите на Унијата се согласија да подготват ограничени санкции за поединци во Турција во врска со енергетските спорови со Грција и Кипар, а сите построги потези ги одложија до март.