Турција ја одржува најголемата поморска вежба во својата историја, со над 100 бродови на сите три мориња што ја опкружуваат земјата.
Четиридневната вежба, наречена „Сина татковина 2019“, започна денеска со учество на 103 бродови на морнарицата во Црното Море, Егејското Море и Источниот Медитеран.
Флотата вклучува 13 фрегати, 6 корвети, 16 јуришни бродови и 7 подморници, 7 бродови за откривање мини, 14 патролни бродови, како и друг вид поморски бродови.
Вежбата беше планирана шест месеци однапред во согласност со правилата и регулативите на НАТО, а е координирана од Командниот поморски воен центар и ќе трае до 2 март, јави Анадолија.