Турција ја зголемува цената на струјата за 38% од 1 јули , објави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на одлуката на Турскиот регулатор за енергетика.
Според одлуката на регулаторната комисија на Турција, цената за домаќинствата ќе порасне за 38%, колку што ќе изнесува и зголемувањето на цената на струјата за приватниот и услужниот сектор, додека за претплатниците во земјоделската дејност цената на струјата ќе порасне за 20% .
Со ова зголемување, износот што треба да се плати домаќинство со потрошувачка од 100 kWh електрична енергија ќе изнесува 207,23 турски лири (5,9 евра). За 1 000 потрошени kWh тоа е 69 евра, а за 3 000 близу 180 евра или нешто над 10 000 денари. Кај нас во Македонија, за 3 000 kWh потрошпена електрична енергија ќе треба да платите околу 500 евра или околу 30 000 денари. За чпотрошени 100 kWh во првиот блок ќе треба да платите 422 денари или околу 7 евра што повторно е повеќе отколку во Турција.
Регулаторот за енергетика соопшти дека поскапувањето на струјата е резултат на растот на трошоците за производство на енергија.
Експерти тврдат дека ова зголемување на цената на струјата нема многу да влијае на инфлацијата во Турција која почна да паѓа во мај кога изнесуваше 69,8 %.
Новите тарифи стапуваат на сила од 1 јули.
Секое повисоко зголемување на цената на струјата во Турција завршува со протести. Така во 2022 година кога регулаторот одлучи да ја зголеми цената на струјата за 50% за домаќинствата и 127% за компаниите беа организирани големи протести. Не се знае како ќе реагираат сега граѓаните бидејќи цените во турција секој месец бележат зголемување.