Осум лица денеска загинаа во пожар што избувнал на Оддел за интензивна нега на кој се лекувале пациенти со Ковид-19 , во приватна болница на југот на Турција, јавија турските државни медиуми.
Агенцијата Анадолија информира дека пожарот избувнал кога експлодирала боца со кислород во Одделот за интензивна нега во приватната универзитетска болница „Санко“ во Газиантеп.
Агенцијата наведува дека жртвите биле на возраст меѓу 56 и 85 години и дека 14 пациенти се пренесени во други болници.
Пожарот брзо бил ставен под контрола, а истрагата за случајот е во тек.
Досега во Турција од коронавирус се заразени 1,98 милиони лица, а умреле 17.610.