Ракетниот систем С-400, кој Турција го купува од Русија, во целост ќе биде под контрола на Анкара, изјави денеска турскиот министер за надворешна политика Мевљут Чавушоглу.
– Некои велат дека системите С-400 претставуваат закана за борбените авиони Ф-35. Овие системи ќе бидат под наша целосна контрола и ќе бидат интегрирани во НАТО системот, изјави за „Хуриет“ Чавушоглу за време на посетата на летонија.
Тој вчера негираше дека Турција го одложува купувањето на рускиот противракетен систем „С-400 поради тензичните односи со САД. Чавушоглу потенцираше дека во моментов не станува збор за никакво одложување или стопирање на испораката.
Чавушоглу уште појасни дека Анкара и Вашингтон разговарале за предлогот на Турција за основање заедничка комисија која би ги разгледувала можните ризици од С-400 за американската програма Ф-35.