Турската полиција уапси девет луѓе кои се собрале пред судот во Истанбул за да покажат солидарност со останатите приведени поради поддршка на студентските протести против именување на ректор, кој е поврзан со Владата.
Повеќе од еден месец студенти и професори на Универзитетот Босфор во Истанбул одржуваат главно мирни протести против новиот ректор Мелиха Булу, која има врски со владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Тие бараат оставка и да се дозволи Универзитетот сам да избере свој ректор.
Полицијата приведе стотици демонстранти на Универзитетот и на протестите за солидарност одржани на други места. Некои се уапсени по упад во нивните домови, а повеќето од нив подоцна се ослободени.
Владини официјални претставници велат дека „терористички групи“ ги поттикнуваат протестите. Ердоган ги нарече студентите кои протестираат „терористи“, додавајќи дека нема да дозволи собирите да прераснат во масовни антивладини протести, слични на оние во 2013 година во Турција.