Откако беше потврдена инфекција со нов вид на коронавирус кај 15 лица, Турција забрани патници од Велика Британија да влегуваат во таа земја.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа потврди дека 15 заразени лица се во изолација, како и сите со кои биле во контакт со нив.

– Се е под контрола. Влезот во Турција од Велика Британија е привремено прекинат, изјави Коџа.

Во последните 24 часа во Турција се потврдени 12.203 нови случаи на Ковид-19, вкупно околу 2,2 милиони и уште 212 смртни случаи, вкупно 12.203 од почетокот на пандемијата.