Туристите кои го посетуваат местото Телашчица на островот Дуги Оток на хрватското приморје, може за сувенир да си купат магарешки измет.

Според сопственикот на продавницата за сувенири , станува збор не за обиечн измет туку за среќен , носи среќа и се вика Lucky Donkey Shit. Секое парче од овој магарешки измет се продава по цена од 40 куни или нешто повеќе од 5 евра.

Себастијан Jагиќ вели дека сувенирот одлично се продава. Вели дека изметот на неговите магариња го има низ цела Европа.

И началникот на општината Зоран Моровиќ ја поздравува продажбата на овој среќен измет и вели дека сувенирот е оригинален и доколку не беше добар немаше толку да се купува.

Станувало збор за посебно парче од целиот измет на магарето , кое било преполно со трева и не смрдело.