По повеќегодишна пауза, Вардар 1961 повторно ќе игра на турнирот во Струга. На него ќе учествуваат осум екипи, сите од супер лигата – Охрид, Еурофарм Пелистер 2, Бутел, Струга, Прилеп, Еурофарм Пелистер и Металург.
„Црвено-црните“ ќе го почнат турнирот на 13 август со дуел против Охрид. Тој меч ќе се игра во вечерниот термин од 21:15 часот на отвореното игралиште во Струга. И другите две средби, против Еурофарм Пелистер 2 и Бутел, се играат во истиот термин.
Турнирот во Струга на програмата е од 12 до 16 август. Секој ден е планирано да се играат по три натпревари со исклучок на последниот, финален ден.
Тогаш се планирани натпреварите за пласман и ќе се играат четири натпревари.