Германскиот тенисер Александар Зверев рано утрово го победи Гркот Стефанос Циципас со 2-0, по сетови 6:4 и 7:6 (7: 3) во финалето на турнирот во Акапулко, Мексико.
Мечот траеше 2 часа и 19 минути.
Германецот направи четири аса, осум двојни грешки и претвори три брејк поени од 12. Гркот сервираше ас три пати, направи четири грешки на вториот сервис и освои два брејка.
За Зверев ова е прва титула во 2021 година.
АТП турнирот во Акапулко се играше за награден фонд од еден милион американски долари.