Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра одлично во четвртфиналето на мастерс-турнирот во Париз и убедливо го совлада Гркот Стефанос Циципас со 6:1 и 6:2.
Ѓоковиќ за неполн час го исфрли Циципас од натамошното учество на турнирот.Фановите на Циципас беа разочарани оти грчкиот тенисер беше надигран како никогаш досега.
Ѓоковиќ до победата стигна со четири брејка, два во првиот и два во вториот сет. Имаше и доста сигурен сервис, поради што во ниту еден момент не му дозволи на Циципас да дојде до шанса да му возврати брејк.
Во полуфиналето во Париз, Ѓоковиќ ќе игра со бугарскиот тенисер Грегор Димитров.