Турција почна офанзива против силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад во северозападната сириска провинција Идлиб.
Офанзивата е почната како одговор на смртоносниот напад на сириските сили врз турските позиции во ова провинција од пред три дена, кога загинаа 33 турски војници.
– Операцијата „Пролетен штит“, почната по ужасниот напад од 27 февруари во Идлиб, успешно се спроведува, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.
„Успешно продолжува операцијата „Пролетен штит“ што беше почната на 27 февруари како одговор на нападот врз турските војници. До денеска се уништени еден дрон и осум хеликоптери, 103 тенка, 72 хаубици, три системи за ПВО и убиени се 2.212 војници на режимот на Асад“, ги пренесе податоците на министерот тускиот канал НТВ.
Турскиот министер за одбрана нагласи дека целта на офанзивата „не е судир со Русија“.
-Нашата задача е да ги спречиме злосторствата кои ги прави режимот на Асад, да ги елиминираме радикалните елементи и да го спречиме бранот миграција, нагласи Акар