Турски хеликоптери го вознемириле екипажот на хеликоптерот на грчкио прмеер Алексис Ципрас за време на патување кон островот Агатониси во Егејското Море. Тоа го нагласи самиот Ципрас за време на чествување по повод националниот празник на островот, објави „Катимерини“.
Агатониси е најсеверниот остров од групата на Додеканезите и се наоѓа блису турскиот брег.
За време на говорот, грчкиот премиер рече дека турски воени авиони го принудиле хеликоптерот да лета пониско и да прави маневри на мала височина.
Тој го нарече однесувањето на турските авиони како „глупави дејствија“ со кои само трошат керозин.