Турскиот воен брод „ТЦГ Анадолу“, кој учествува во воените маневри на НАТО во Балтичкото Море, ќе се користи за одвраќање на источниот крило на алијансата, дознава ДПА.
Бродот, опремен за транспорт и лансирање дронови, се упатува кон брегот на Летонија и ќе биде ставен под команда на Сојузничката воздушна команда на НАТО (AIRCOM).
Станува збор за амфибиски јуришен брод. Како дел од вежбата на НАТО – Steadfast Dart – в среда, војници и материјал се донесени на брегот со брод во близина на областа Путлос за воената обука во северна Германија.
НАТО ја почна мисијата „Источна стража“ во септември минатата година откоаг руски борбени авиони и дронови „камикаѕе“ го повредиле воздушниот простор. Мисијата има цел мобилизирање дополнителни капацитети за надзор и воздушна одбрана за алијансата.




