Гокхан КАРАТАШ

Писателката Муневер Ајашли, која била млада девојка во деновите кога непријателот ја зазеде Чаталџа во Првата балканска војна и топовите се слушаа од Истанбул, вели во своите мемоари:

„Да, Балканската војна беше катастрофа. И како малку да беше поразот, па колера започна да се шири и во војската, а болеста се прошири и во Истанбул. Убави деца со ленена коса, зрнести сини очи и боси стапала покриени со кал, пеш доаѓаа во Истанбул. Во количките со волови имаше стари луѓе, болни и со прекривки.

Румелија се празнеше, а во Истанбул немаше веќе место. Румелиските имигранти ги полнеа селатинските џамии. Брат ми одеше во Галатасарај Султани. Еден ден, дојде дома, легна на софата и плачеше.

Ја прашав мајка ми: – На брат ми не му добро?

-Не, не е болен. Плаче за својата земја. Солун го зедоа Грците – ми одоговори таа.

Така го добив моето мало столче. Се повлеков во еден агол од собата, покривајќи го лицето со рацете. Почнав да плачам гласно. Навистина, војната се сврте против нас. Пораз… Бугарите дојдоа до Чаталџа. Во Истанбул се слушаше непријателска артилерија. Прозорците на куќите се тресеа. Катастрофа…