Во 2014 година Александар Лукашенко предложи Украина и Белорусија да се обединат во единствена унија, така што тој ќе биде претседател на двете земји, соопшти поранешниот претседател на Европскиот совет и поранешен премиер на Полска Доналд Туск во интервју за Онет.
– Во најжешките денови на украинската криза, кога Минск беше вклучен во нешто како медијација меѓу Европската унија, Русија и Украина, Лукашенко ми се јави и директно ми понуди да ја убеди ЕУ дека може да биде гарант за мирно решавање на украинскиот проблем и да ја поддржиме неговата идеја за белоруско-украинска унија со него како претседател на двете земји, рече Туск.
Според поранешниот полски премиер, Лукашенко се надевал дека тоа е „единствениот начин да се запре Русија“ од одредени „агресивни намери“. Туск додаде дека Лукашенко не дејствувалк така од грижа за Украина, туку „од страв да не ја изгуби моќта“.
Во исто време, поранешниот полски премиер изрази став дека Лукашенко имал „позитивна улога“ во решавањето на украинската криза.