Александар Трајановски поранешниот директор на ургентниот центар и актуелен член на ИО на СДСМ ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром, поранешниот пратеник Костадин Ацевски ќе се трка за Ѓорче Петров, а синот на поранешниот функционер на СДСМ Димитар Бузлески, Александар е фаворитот на опозицијата за Ресен

.Ова според висок партиски функционер се дел од имињата кои се очекува попладнево да поминат на ИО на СДСМ и да бидат објавени како дел од првата група од околу 20 кандидати со кои лидерот на СДСМ Венко Филипче ќе истрча на локалните избори. Меѓу кандидатите кои ќе добијат пас според истиот функционер се и фаворитите на Филипче кои ТВ 24 веќе ги објави Горан Герасимовски за Центар,Томе Христовски за Крушево, Сашко Митовски за Крива Паланка , Сашо Комнениќ за Чучер Сандево.

Според информациите на ТВ 24 се очекува СДСМ да се пресече и за повеќе помали општини, но и за Штип и Дојран, каде во игра се Павел Иванов и Ристо Џинев.