Секоја втора куќа е со спуштени ролетни. Ваква е сликата во полошкиот регион особено кога поминувате покрај селата, се вели воприлогот на ТВ 24.
Прилично раскошни домови се отвораат еднаш или два пати во годината кога исселените тетовци- печалбари доаѓаат во својот роден крај за време на летнитот одмор и новогодишните празници.
Исселувањето од полошкиот регион е рак рана која ги празни градовите и селата .Граѓаните велат дека дека многу нивни пријатели и роднини веќе не се тука, претежно се заминато во западно-европските земји каде бараат подобра иднина.
Преполните автобуси на автобуската станица во Тетово говорат за иселување од Полог. Секој ден се повеќе автобуски линиии се упатуваат кон Запад.
За празнењето на полошкиот регион говорат и поразителните бројки од почетокот но и од второто полугодие на оваа учебна година.Според Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, цели семејства заминуваат во западноевропските земји, училишните клупи остануваат празни.
„За жал трендот на намалување на бројот на ученици не ја одминува ниту општина Тетово. Последниве години, секоја учебна година има помалку запишани ученици. Колку за пример, во средните училишта оваа учебна година има запишано 500 ученици помалку, а во основните околу 800. Во текот на првото полугодие од училиштата во општина Тетово се отпишани 160 ученици, а до крајот на оваа учебна година се очекува таа бројка да се зголеми на 250. Намалувањето на бројот на ученици повлекува и проблем за наставниот кадар, бидејќи голем број на наставници заради затворање на паралелките се соочуваат со губење на работните места. Главната причина за сето ова е иселувањето во странските држави, потврдуваат од Секторот за односи при Општина Тетово.
Ако во минатото луѓето заминувале само поради економски, сега причините за отселувањето од Тетово, но и за цела држава се повеќеслојни, велат граѓаните за телевизија 24. Но, масовниот егзодус е се поголем поради политички причини но и проблемите со кои граѓаните се соочуваат во образованието, здравството и животната средина.