Според анализата на приходите на 20 најголеми комерцијални ТВ куќи во регионот се забележуваат поголеми промени – првата е дека српска Пинк веќе не е прва.
Словенечката Про Плус која ги емитува каналите Поп ТВ и Канал А е на прво место со приходи од 61,9 милиони евра. Со анализата на комерцијалните телевизии четири хрватски ТВ куќи лани оствариле приход од 102,7 милиони евра. Меѓу големите телевизиски риби е една и од Македонија – Сител телевизијата со остварен приход во 2017 година од 7,34 милиони евра.
На листата има дури осум куќи од Србија, четири од Хрватска, четири од Босна и Херцеговина, три од Словенија, една од Македонија, а од Црна Гора нема ниту една ТВ.
По Словенците, на втората позиција е Нова ТВ која лани забележала приход од 52,5 милиони евра. Како најголемо изнеадување е Пинк интернационлал на Жељко Митровиќ која во 2016 имала приходи од 57,9 милиони, лани забележала пад од цели 5,5 милиони евра. Не е тајна дека Митровиќ се соочува со финансики проблеми.
Држава | Компанија | Приходи во евра 2017 | Приходи 2016. | |
1. | Сло. | PRO PLUS (Pop TV и Kanal A) | 61.868.302 | 54.567.657 |
2. | Хрв. | NOVA TV | 52.468.452 | 52.403.554 |
3. | Срб. | PINK International | 52.305.345 | 57.923.451 |
4. | Хрв. | RTL | 40.742.537 | 41.211.482 |
5. | Срб. | Прва ТВ. | 29.052.076 | 25.526.562 |
6. | Срб. | HD-WIN Arena Sport | 28.403.113 | 22.441.014 |
7. | БиХ | ALJAZERA Balkans | 19.216.873 | 5.826.315 |
8. | Срб. | B92 | 11.375.421 | 11.611.682 |
9. | Сло. | Antenna SL TV (Planet TV) | Нема податоци | 8.251.566 |
10. | Мак. | ТВ Сител | 7.346.991 | Нема податоци |