Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска во Државниот завод за ревизија почнала да се соблекува и останала во долна облека додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈО, објави ТВ Телма.
На полицајците Јанева прво им кажала дека и е доста од се и почнала да се соблекува. Потоа била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува мерката домашен притвор.
Поради инцидентот е прекинат увидот во наодите на ревизијата за работењето на СЈО, а Јанева е единствен овластен претставник на специјалното обвинителство.